Поубав двор за најмладите во Вевчани – нови реквизити и зеленила

Детската градинка во Вевчани доби донација со која ќе се подобрат условите за престој и игра на најмладите.

Станува збор за детски реквизити и декоративни садници за уредување на дворот, меѓу кои јапонска цреша, јапонски јавор, фотинија, лејланди и бреза. Со ова, просторот ќе добие поуреден и позелен изглед.

Од ЈОУДГ „Планински Цвет“ – Вевчани изразија голема благодарност за поддршката до компанијата „Магна“,  нагласувајќи дека ваквите донации имаат значајна улога во развојот и секојдневието на децата.

„Вашата поддршка значи многу за нивниот развој, игра и секојдневна радост. Ви благодариме што вложувате во иднината на нашите најмлади“, порачуваат од установата.

Со оваа донација се подобруваат условите за престој на децата и се создава попријатна и побезбедна средина за нивниот раст и развој.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани