На седница на ДИК беше Предлог-одлука за исплата на дополнителни аванси за подрачното одделение и канцеларии на ДИК и ОИК.
Како што информираат од ДИК, со оглед на новонастаната ситуација и со пролонгирањето на организацијата на изборите, јасно е дека се наметнува потребата да им се овозможи на ОИК и на нашите подрачни одделенија одобрување одредени дополнителни средства. Ние како ДИК одлучивме тие да бидат во износ од половина од она што претходно им го одобривме се со цел да можат да го дозавршат овој изборен процес, истакна претседателот Деркоски. Информира дека се предлага во одлуката да се одобрат на 80 општински изборни комисии средства во износ од 1.172.500 денари и авансни средства за 34 подрачни канцеларии и одделенија 292.500 денари.
