Стружанец и двајца скопјани, казнети по 206-кa

Тројцата се казнети за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Т.(21) и С.М. (17), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување по здравствените прописи за време на епидемија“. Тие, на 22.05.2020 година во 02:50 часот, пред стамбен објект на улицата .„Никола Карев“ во Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир со непристојно и дрско однесување на јавно место.
Според портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, „пријавените, немале соодветна дозвола за движење издадена од надлежен орган и не се придржувале до мерката за забрана за движење на граѓаните заради спречување на ширење на коронавирус COVID – 19“.


Димоски информира дека ОВР Струга, пријава по истиот член од Кривичниот законик, поднесе и против 21 годишен стружанец. Според соопштението „Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Ф.(21) од Струга. На 04.06.2020 година, во 16.30 часот, при извршена контрола на лица кои потпишале изјава за 14 дневна самоизолација, полициските службеници констатирале дека пријавениот не се наоѓа во неговиот дом и не се придржува кон мерките за самоизолација. Тој, со непридржување до одредбите во изјавата, ги прекршил мерките за самоизолација и постапил спротивно на прописите за спречување на појава, внесување, рано откривање, спречување на ширење и сузбивање на коронавирус COVID – 19.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани