Двајца скопјани заработија кривични пријави од охридската полиција.
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.П.(41) и И.Т.(53), двајцата од Скопје. Пријавените во период од 2016 до 2018 година, како службени лица, неовластено издале одобрение за товарно возоло „Мерцедес“, сопственост на правен субјект од Охрид, кое не ги исполнувало законските услови за единечно возило. Со тоа, на сопственикот на товарното возило, му овозможиле да се стекне со материјална корист за регистрирање на возило кое, според Законот за возила, не можело да се регистрира.
