Расте бројот на заболени, граѓаните да ги почитуваат препораките

Расте бројот на заболени, граѓаните да ги почитуваат препораките, апелираат од Специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања од Охрид.

 

-Почитувани, за жал последниве денови сведоци сме на зголемен број на Ковид 19 позитивни во целата земја, а Охрид е еден од најпогодените градови. Веќе неколку недели сме помеѓу градовите со највисок број на активни случаи на број на жители во земјата. Од неодамна, од МЗ имаме и официјални податоци дека во Охрид е изразено висока застапеноста на “британската мутација” , која се одликува со значајно повисока преносливост. Ваквата состојба , за жал, не не заобиколи и нас како установа која непрекинато ја врши својата дејност во услови на пандемија, но неколку месеци наназад во посебен оддел третира и Ковид пациенти. Сакаме да потенцираме дека во Ковид одделот кај нас се третира најкомплексни пациенти од Охрид и регионот, и многу од нив имаа потреба од неинвазивна и инвазивна респираторна подршка. Но, и покрај се ги информираме нашите пациенти дека непречено ќе функционира згрижувањето на сите итни случаи и Салата за интервентна кардиологија ќе биде на располагање 24/7 во функција на третирање на сериозни и животозагрозувачки состојби. И натаму, ќе работи ургентна амбуланта за оние кои имаат потреба од итен преглед. До нашите пациенти апелираме и натаму да бидат внимателни, да избегнуваат ризични контакти и да останат дома до постигнување на колективна имунизација, апелираат од Специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани