Денес Здружението за мултикултурна интеграција “Инклизија”, ја одржа првата работилница во рамките на проектот “Низ една призма-сите сме исти” на која што учествуваа студентите од Факултетот за туризам и угостителство од општина Охрид.
Активно дискутиравме на различни општествени теми како што се градење доверба, соработка и поврзаност во граѓанското општество, културата, припадност кон заедници, религијата во општеството, стереотипи, дискриминација, ефективна комуникација, говорот на омраза и многу други, вели претседатеот на „Инклузија“ Вахид Мемед.
Голема благодарност до Факултетот за туризам и угостителство од општина Охрид и сите учесници на денешната работилница, се надеваме дека и во иднина ќе продолжат ваквите дружи, преку дискусија и работилници да вложуваме во себе и во унапредувањето на општественото живеење.

-Целта на оваа студентско дружење заедно со невладината организација „Инклузија“ од Охрид беше да се разбуди свеста кај младите луѓе дека сите сме исти. Големо благодарам до сите присутни на работилницата, изјави Игор Пешевски Претседател на ФСС.

