Двајца стружани нападнале вработен во угостителски објект

Двајца стружани нападнале вработен во угостителски објект.

-На 13.04.2024 година во 00.30 часот, во угостителски објект во струшката населба „Езерски лозја“, лишени од слобода се С.К.(36) и Б.С.(38), двајцата од Струга. Тие претходно во објектот предизвикале вербална расправија со присутните гости, а потоа, пред објектот оштетиле неколку возила и физички го нападнале и повредиле вработениот А.Н. од Охрид. Двајцата се однесувале агресивно и кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во билтенот на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани