Кај Подмолје приведен дилер на дрога.
-На 12.04.2024 година во 18.30 часот, на булеварот „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од одделението за недозволена трговија при СВР Охрид од слобода го лишија К.М.(24) од Охрид. Тој, управувајќи патничко возило „ренџ ровер“, без регистарски таблички, на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Подмолје, не застанал на даден знак за запирање, туку со возилото избегал. Во врска со случајов, а поради постоење основано сомнение дека лицето извршило кривично дело по чл.215 од Кривичниот законик, полициските службеници извршија преглед на подрачјето на Подмолје до месноста „Распаќе“, при што на различни места пронајдоа и одзедоа ќеси со зелена растителна материја, како и опаковки со остатоци од бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе би поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.