Полицијата вчера приведе две лица на подрачјето на Струга поради управување моторни возила без положен возачки испит.
На 12 март 2026 година околу 15 часот, на магистралниот пат Струга – Ќафасан, во близина на селото Радолишта, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај го лишиле од слобода К.Т. (29) од Радолишта. При сообраќајна контрола бил сопрен патнички автомобил „голф“ со струшки регистарски ознаки, при што било утврдено дека возачот немал положено возачки испит и немал право да управува моторно возило. По насоки на јавен обвинител, возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Истиот ден, околу 20 часот на улицата „Глобочица“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај го лишиле од слобода Р.М. (47) од Струга. При контрола бил сопрен мопед со струшки регистарски ознаки, а било констатирано дека и овој возач немал положено возачки испит и нема право да управува моторно возило.
По насоки на јавен обвинител, и во овој случај мопедот е одземен, а по целосно документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
