Петок 13-ти – ден кој многумина го сметаат за најмалерозниот во годината. Некои избегнуваат важни одлуки, не патуваат, па дури и се плашат од црна мачка на улица.
Но вистината е дека ова е само стара суеверна приказна. Комбинацијата на бројот 13 и петок со векови се сметала за „несреќна“, а корените на ова верување се поврзуваат со различни митови и историски приказни.
Во реалноста, многумина го користат овој датум за шега и добра забава. Некои велат дека токму на Петок 13-ти треба да се направи нешто храбро – затоа што ако ништо лошо не се случи, тогаш целата „несреќа“ е само мит.
Затоа денес:
-
ако ви помине црна мачка – помилувајте ја
-
ако ви падне сол – насмевнете се
-
и ако е Петок 13-ти – направете си убав ден
Можеби денес е токму најсреќниот петок.
