Две лица го загубија животот, излетаа со возило во провалија на Галичица

Две лица загинаа откако со возило излетале во провалија на Галичица. Од Центарот за управување со кризи синоќа  информираа дека возилото е лоцирано на место викано „Превој“ на Галичица.

– Возилото е паднато во провалија на околу 100 до 200 метри длабочина од регионалниот пат Трпејца – Преспа што води преку Националниот парк Галичица – информираа од ЦУК.

Според информациите од екипите што се на терен на местото на настанот, починатите лица се на постара возраст.

Екипа на СВР Охрид и Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид се на терен и по направениот увид, продолжуваат со извлекување на настраданите и на возилото од провалијата.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани