Две нарушувања на јавниот ред во Охрид

Две нарушувања на јавниот ред, вчера во Охрид.

 

На 16.03.2022 година на улицата „Спас Банџов“ во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со вербални закани и употреба на остар предмет, извршен од А.А. врз С.А.(52), двајцата од Охрид. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во друг случај, жител на Албанија го нарушил јавниот ред го угостителски локал. 

На 16.03.2022 година околу 23 часот, во СВР Охрид приведен е А.Х.(47) од Велќан-Република Албанија. Тој, претходно во угостителски објект лоциран на плоштадот „Св.Климент Охридски“ во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување кон вработените во локалот. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. 

Social profiles