Охриѓанец во близина на казино го нарушил јавниот ред и мир.
На 10.02.2022 во 00.10 часот во СВР Охрид приведен е А.Н.(42) од Охрид кој претходно, во близина на казино лоцирано на улицата „Абас Емин“ во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во друг случај друг охриѓанец се расправал со обезбедувањето на казино.
На 10.02.2022 година во 01.10 часот во близина на казино лоцирано на улицата „Абас Емин“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Д.А.(29) од Охрид затоа што го нарушил јавниот ред и мир со вербална расправија кон вработен задолжен за обезбедување на објектот, а потоа и со агресивно однесување кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодетна пријава, информира Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.
