Две охриѓанки се степале откако направиле сообраќајка.
На 02.10.2025 во 13:09 часот во СВР Охрид е пријавено дека, по претходно случена сообраќајна незгода на улица „Новопроектирана“ во Охрид, Л.К.(43) од Охрид физички ја нападнала Е.И.(47) од Охрид. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
