Охрид домаќин на Балканските хотелиери – 20 години БАХА

20 години Балканска алијанса на хотелски асоцијации. Охрид е домаќин на овој значаен јубилеј. Идејата за БАХА се родила токму во Охрид, во манастирскиот комплекс Свети Наум Охридски.

На балканските хотелиери топло добредојде им посака градоначалникот Кирил Пецаков.

-Како во секоја така и во областа на туризмот мора да се имаат во предвид дигиталните достигнувања на денешниот Свет. „Влијанието на технологиите е огромно, од виртуелната до фактичка реалност. Туристите дизајнираат свој патувачки пакет, ги користат услугите и сообраќајот и функционираат на поголем радиус. За краток период обиколуваат повеќе дестинации. Охрид е најголемиот и најпознатиот туристички бренд на Р. Македонија во регионот и пошироко во Европа и Светот. Нашата стратегија е постојано да ја осовременуваме и збогатуваме туристичката понуда во која исклучително важно место има конгресниот туризам . Нашето мото е секој што еднаш ќе дојде, да посака барем уште еднаш да се врати и да ја почувствува убавината и духот на древниот Охрид, рече Пецаков.

Балканот е препознатлива  туристичка дестинација. Со заедничка  богата понуда балканските земји последниве години  привелкуваат голем број туристи.

– Основните работи ни се инфраструктурите кои гледаме дека на Балканот се подобрува за последните 20-тина години, или 10-тина да кажеме. Одиме напред, има проекти за следните 10 години како би се поврзале  за полесно движење на туристите,рече Крсте Блажески дел од БАХА – . Балканската алијанса на хотелски асоцијации.

Балканските хотелиери ги мачат  истите или  слични проблеми во туризмот. Сите последниве години се соочуваат со недостиг на кадар.

– Големи проблеми имаме, тоа е работна сила. Не само ние во Црна Гора , но и целиот н регионот. Имаме ДДВ,кое  скокна  од  7 на 15%, тоа е некој 105%. Се бориме како Здружение на хотели и по тоа прашање, но наидовме на отпор од државата, вели  Никола Пејовиќ претсдетел на Хотелската асоцијација на Црна Гора.

-Комуникацијата, стопанството со владата и со централна, и со локална треба да ја има. Зошто да не се отворат  повеќе видови на туризам да се  продава  локалната дестинација., еден од основачите на БАХА.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани