Две тепачки во Охрид, еден тешко повреден

Повредениот бил задржан во охридската болница.

Како што информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, вчера на кеј „Македонија“ и на улица „Егејска“ во Охрид се случиле тепачки, притоа едно лице е тешко повредено.

Според соопштението од Канцеларијата за односи со јавноста, на 16.05.2020 година, во 18 часот, на улицата „Егејска“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од А.К.(52) и Н.К.(29) врз Г.Б. (32), сите од Охрид. Нападнатиот бил префрлен во Општата болница во Охрид каде му биле констатирани тешки телесни повреди и е задржан на натамошно лекување. СВР Охрид презема мерки за целосно расветлување на настанот по што ќе биде поднесена соодветна пријава. На 16.05.2020 година, во СВР Охрид, Д.И. (21) од Охрид, пријави дека околу 16 часот, на кеј „Македонија“ бил физички нападнат од С.К..(22), од Охрид. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани