Двојно зголемен бројот на претстави во Охрид

Двојно зголемен бројот на претстави во Охрид. 

Охридскиот театар 2016/2017 година направил вкупно 8  дела, што е двојно повеќе од лани кога биле направени само 4 дела. 

Од табелата на Дравниот завод за статистика се гледа дека речиси двојно пораснал и бројот на посетители на претставите во Охрид. Биле остварени вкупно 54 перформанси, а 11 гостувања. Лани имало 33 вработени лица ,  а годинава 41. 

Ова е ланската табела од неа се гледа дека минатата година охридскиот Народен театар  имал најмалку изведени дела во земјава. 

 

 

 И покрај лошите услови актерите со огромен ентузијазам подготвуваат претстави, за кои се бара карта повеќе. 

Со години, охридскиот театар  функционира во склоп на Центарот за култура, во  најлоши услови за работа. Според експертите  недостасуваат елементарните професионални минимум услови  за работа. 

Инаку според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот 2016/2017 година, вкупниот број на прикажани претстави во професионалните театри  во земјава е зголемен за 10.3%, а бројот на посетителите е зголемен за2.1% во однос на периодот 2015/2016 година.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани