Отстранети и оштетени патоказните табли за Вевчани.
Големата патоказна табла на излезот од Скопје кон Тетово е отстранета, а таа на Стража е целосно вандализирана.
Од ВМРО ДПМНЕ алармираат за остранувањето на патоказните табли.
-„Продолжува сквернавењето на Вевчани!
Повеќе од јасна е пораката на извршителите на овој чин и таа нема да помине во Вевчани!
ОК на ВМРО-ДПМНЕ бара од Градоначалникот во најбрз рок да се ангажира, институциите кои се раководени од неговите сопартијци да одговорат дали:
1. станува збор за одлука од страна на власта да се отстрануваат таблите за Вевчани кои се поставени по должината на автопатите или за друг тип на вандализам директно насочен против нашата Општина.
Истовремено, наспроти тоа, бараме господинот Јанкоски да ги искористи ресурсите што му се на располагање и да се постават нови табли на истите места на кои беа поставени, а сега ги нема!
Вевчани одолеало на сите искушенија. Ќе одолее и на овие! Патоказите беа проект со кој натамошно се влијаеше во насока на јакнење на културниот, туристичкиот и општиот амбиент на Вевчани.
ВМРО-ДПМНЕ сака да му порача на народот дека, како и до сега, така и во иднина, ќе продолжи да се бори за афирмација и заштита на вкупните достигнувања на Вевчани“, обвинија од ОК на ВМРО ДПМНЕ.
Градоначалникот на општина Вевчани го осуди отстранувањето на патоказните табли.
-„Јас како градоначалник на Општина Вевчани најостро го осудувам отстранувањето и оштетувањето на информативните табли, и јавно барам од надлежните институции да ги пронајдат и соодветно ги казнат сторителите на ова (зло)дело.
Што се однесува на барањето на ОК ВМРО ДПМНЕ Вевчани да сум ги употребел ресурсите што ми биле на располагање, јавно го прашувам претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Вевчани: Кој ресурси да ги употребам?!, напиша градоначалникот Сашо Јанкоски на официјалниот фејсбук профил.