Џафери и Спасовски на безбедносна конференција во Охрид

Лепеза закани по мирот и безбедноста во регионот.Клучните предизвици со кои се соочува денес Балканот се мигрантска криза и меѓународниот тероризам.

Успешното справување со безбедносните ризици е можно само преку целосна соработка на сите држави во регионот. Ова е заклучокот на Меѓународна конференција „Балканот помеѓу Истокот и Западот: стари и нови безбедносни предизвици“, која деновиве се одржува во Охрид.

– „Мислам дека сите сме свесни дека само преку билатерална и мултилатерална соработка можеме да ги надминеме меѓусебните недоразбирања и во исто време да одговориме на сите предизвици кои што може да го загрозат мирот и стабилноста како на секоја држава така и на регионот“, вели Талат Џафери претсетадел на Собраниена Р Македонија.

– „Заедничката соработка особено во безбедносната сфера е нужност без која што практично е невозможно успешно справување на глобалните закани како што се миграциите и борбата против тероризмот, орагнизираниот криминал, недозволената трговија, шверц итн“ ,истакна Оливер Спасовски министер за внатрешни работи.

Малите раскарани балкански држави и народи се лесни за манипулација.

-„Сиромашни држави во кои е лесно да се манипулира со луѓето и нивните чувства. Ова е регион на луѓе кои се доста чуствителни, но и помалку рационални во однос на Европа тоа често го користат политичарите но не во корист на народот туку во корист на своите партиски интереси“, вели Желимир Ќешетовиќ продекан на Факултетот за безбедност во Белград.

– „Националните и глобалните фактори манифестираат голема прагматичност од асект на се она што превземаат од аспект како да се справат со безбедносните предизвици не само за Балканот туку и во светски рамки“, вели Оливер Бакрески професор на Институтот за одбрана и мир од Филозофски факултет Скопје.

Главната цел на конференцијата е на едно место да се собере академската заедница од Македонија и од странство заради размена на мислења и дискусии за најважните прашања поврзани со безбедноста во светот во 21 век.

Новинар Соња Рилковска

Канал 5 ТВ 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани