Започна дератизација во делови на Охрид

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 , 99/2009, 149/2014 и 150/2015) екипата на ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид денес и утрес спроведува дератизација.

 

Системска дератизација ќе се спроведе  во стариот дел на градот, населба Билјанини извори, Гоце Делчев, Воска и Далјан како и по улиците Туристичка, Питу Гули, Железничка, Јане Сандански, 7ми Ноември, Марко Нестороски, Кеј Маршал Тито, Македонски просветители, Момчило Јорданоски, Прва македонска ударна бригада.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани