Едно лице го загуби животот во сообраќајка кај Подмолје

Едно лице го загуби животот, а друго е тешко повредено во сообраќајка кај Подмолје.

На 21.02.2022 година во 00:35 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Подмолје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничките моторни возила со охридски регистарски ознаки: „Ауди“ управувано од М.Л.(24) од селото Белчишта, општина Дебарца и „Фолксваген Поло“, управувано од Х.К.(30) од Охрид. На местото на несреќата починал возачот Х.К., а екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт додека, М.Л.-возач на возилото „Ауди“ се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“. Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција. Увид на местото на незгодата извршија јавен обвинител и полициски екипи, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани