Црвен крст Охрид продолжува со едукативните активности во Затвор Охрид, реализирајќи предавања по англиски јазик во рамки на вториот циклус работилници наменети за младите осудени лица. Активностите се спроведуваат во соработка со волонтерката на Мировен корпус, Danielle Hamilton.
Преку изучување на англискиот јазик, учесниците стекнуваат нови знаења и практични вештини што ќе им помогнат полесно да се интегрираат во заедницата по издржувањето на казната, како и да ги зголемат можностите за личен и професионален развој.
Од Црвениот крст потенцираат дека едукацијата претставува важен чекор кон нов почеток и градење подобра иднина.

