Еколозите од четиринаесет НВО во земјава под капа на Движењето на екологисти денес поднесе петиција да не се градат висококатници во селото Велестово и околнител села во заштитеното подрачје и НП Галичица.
Иницијативата доаѓа од жителите на селото Велестово, каде како што велат последниве години забележителен е бројот на дивоградби и висококатници.
Екологистите бараат да престане урбанизацијата во заштитеното подрачје на градот и да се почитуваат препораките на Унеско.

„Бараме да се почитуваат препораките на Унеско , значи да нема високи градби односно 50% од вкупнатаповршина од земјиштето и да нема градби повисоки од П +1 во Велестово. 0120 Имаме барање за велестово но понатаму ќе имаме искази од други лица кои ќе поднесат петиција и за градот и околината“, вели Борис Џајкоски еколог.
Поради поедини моќници, кои изминативе 20 години градат високи згради во Велестово нарушен е автентичниот лик на селото. Воедно неконтролираната урбанизација доведе до недостаток на вода.
-„Високите згради се градат една до друга, а се знае дека Галичица е порозно земјиште и со таа огромна тонажа може да додје до поместувања на теренот. Од значаен карактер е да се каже дека функционира на септички јами а тие фекалии се слеваат во езерото и Билјанини извори што е сериозно прашање, вели Славе Ѓорѓо Димоски од Здружението „Велестово“.
-„Староседелците во Велестово и околината поради тоа што се изградени такви големи згради немаат вода за пиење. Поради тоа ја поддржуваме оваа петиција која е поднесена. Дополнитлено е во подготовка и друга петиција која ќе се однесува и на Охрид и на другите места како Коњско, Рамне и на јужниот брег“, вели Вик Какароцки Здружение Енхелиус.

Еколозите бараат усогласување на Законот за урбанизација со Планот за управување на Унеско.
-„Некој намерно сака да се отргне Охрид од светско наследсво со тоа што урбаната мафија ќе може да гради колку сака и каде сака. Во однос на дивоградбите според НП Галичица се над 500 дивоградби а во однос на ониекои се пријавени во локалната самоупарава се над 1000 дивоградби“, вели Сашо Кироски од Здружението Енхелису Лихнид.
И Туристичката асоцијација на град Охрид ја поддржа иницијативата против урбанизацијата на Охрид.
„Неконтролираната урбанизација мора да се запре. Тоа е под број еден. Мора да се почитуваат препораките на Унеско затоа што ќе бидеме ставени на црната листа и после тоа сите негативни последици ќе ги сносат граѓаните на овој град, не институциите него граѓаните ќе го почуствуваат тоа, Затоа сакаме општината да не сфати сериозно како граѓански организации“, вели Никола Киселинов претседател на Туристичка асоцијација Охрид.
Еколозите најавија дека петицијата ќе ја поднесат до општина Охрид и до сите надлежни институции.
Новинар Соња Рилковска
