Економистите и политичарите на иста маса за подобар економски развој

Во 2018 година има раст  на бруто домашниот производ, пораст на индустриското производство и извозот, зголемени се и странските директни инвестиции,  македонската економија расте и се  стабилизира на долг рок, истакна премиерот Зоран Заев набројувајќи ги позитивните  економски параметри  во изминатите месеци. Намалена е невработенсота на 21%, како најниска стапка досега ,  а зголемена е и просечната плата која во јуни е повисока за 6,1%.

На научната  конференција, што  денеска се одржува во Охрид, во организација на Ману, Заев истакна дека за да продолжи позитивниот тренд во економијата нужно е да се осигура евроатланската перспектива на земјата.

-„Потребна ни е стабилизација на политичките процеси и влез на земјата во најмоќниот сојуз НАТО како и отпочнување на преговорите за влез во економската заедница на ЕУ. Секако тоа е најсилната гаранција дека економскиот развој ќе продолжи со забрзано темпо. Факт е дека новите земји членки бележат големи економски ратс и побзо се доближуваат до животниот стандард на земјите членки на ЕУ. Исто така имаат подобрена деловна клима поголем пораст на продуктивноста на трудот забрзан напредок во структурните реформи на приватниот сектор и подобрена институционална демократија“, рече Заев.

Според вицепремиерот за економски прашање Кочо Анѓушев  треба да се работи на планиран откуп и  пласман на земјоделските производи , но и поголема индустријализација на земјата.

– „Треба да зборуваме за индустрија од директни странски инвестиции и на индустрија на домашни инвеститотри. Мораме да ги ратсеме и двете гранки. Ако зборуваме за индустрија во Макеоднија јас го знам тоа од лично исксутво изначи кога зборуваме за индустрија мораме да зборуваме за извозно ориентирана индустрија бидејки на 2 милиона жители индустрија не функционира ретки се индустриите кои што може да растат на толкав пазар. Суштинското прашање е како да ја направиме нашата индустрија да биде конкурентна“ , вели Кочо Анѓушев вицепремиер за економски прашања.

Според научната заедница стапката на реален  економски развој на земјава е анемичен,  изминативе дваесеттина години  е далеку под потенцијалот.

-„РМ е земја со ниска развојна перформанса значително пониска во однос на сите соседни земји а и регионот. Фактички стапката на реален пораст на БДП во периодот1996 првата година кога иамвме позитивен пораст до 2017 изнесува само 2,7 % тоа говори дека македонската економија функционира далеку под својот потенцијал“ , вели академик Таки Фити.

Од динамиката на економскиот раст дирекно  зависи благосостојбата на граѓаните. Токму затоа деновиве на иста  маса седнаа и економистите и политичарите, ќе дебатораат за подобрување на економкста слика во земјата.

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани