Фатени дрвокрадци со седум товарени коњи.
На 22.09.2020 околу 11.00 часот во месноста „Орли“, атар на селото Црвена Вода, општина Дебарца, полициски службеници од СВР Охрид, овластен шумочувар и шумски полициски службеник, во неовластена сеча и кражба на дрва на простор сопственост на Јавното претпријатие „Македонски Шуми“, ги затекнале Р.Б.(20), Б.Џ.(40) и Ј.Б.(40), сите од струшкото село Мислодежда. На местото, пронајдени се околу 15 метри просторни исечени дрвја, како и седум коњи натоварени со дрва. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена кривична пријава.