Двајцата разбојници имале пиштоли кога ја ограбиле бензиската.
Струшката полиција ги фати разбојниците од бензиската и им поднесе кривична пријава.Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојништво“, Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против К.М.(24) од струшкото село Велешта и П.О.(27) од Либражд- Република Албанија.
-Пријавените, казненото дело го сториле на трети август оваа година во 03,45 часот на бензиска пумпа во близина на Велешта. Тие, влегле во објектот и со вперен пиштол кон вработените, ги побарале парите од прометот, по што извршиле пребарување во фиоките. Притоа, противправно одзеле 23.563,оо денари и жетони во износ од 2.940,оо денари, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
