Филмската дива Кардинале го виде Охрид

Филмската дива Клаудија Кардинале го посети Охрид.

Филмската дива Клаудија Кардинале го посети Охрид, заедно со домаќините од фестивалот „Браќа Манаки“.
-Кардинале беше воодушевена од охридските бисери, цркви и природа, соопштија од фестивалот.
Италијанската и светски позната филмска актерка Кардинале (80) учествуваше на свеченото отворање на 39. издание Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ и во Битола лично ѝ беше врачена специјална златна „Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност. Одржа и мастерклас и проговори за годините во Холивуд.
Претходни ѕвезди кој дојдоа во Битола се и Катрин Денев, Жулиет Бинош, Изабел Ипер Викторија Абрил и Дерил Хана.

Извор:nezavisen.mk

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани