Финишира реконструкцијата на „15 ти Корпус“

Деновиве финишираат градежните активности од првата фаза за реконструкција на улицата „15-ти Корпус“.

– Во текот на вчерашниот ден завршија активностите за поставувањето на првиот асфалтен слој на коловозот, на потегот од крстосницата со улица „Железничка“ до мостот на реката „Сушица“.
Претходно, во рамки на овој потег се изврши поставување на нова атмосферска канализација и се вршеше уредување на пашачките и велосипедските патеки од двете страни на улицата.
Втората фаза за реконструкција на оваа улица, на потегот до влезот на село Лескоец е веќе започната, со изградба на три потпорни ѕидови. Според планираното, во текот на наредната седмица ќе започне и поставувањето на атмосферската канализација на овој потег.
Вкупната должина на улицата „15-ти Корпус“ е 1900 метри. За реализација на овој проект се предвидени 58 милиони денари. Од нив 30 милиони денари се обезбедени од буџетот на Општина Охрид, а 28 милиони денари од ЈП „Државни Патишта“, информира градоначалникот Константин Гергиески. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани