Атлетскиот клуб „Охрид“ денес достоинствено одбележа 40-годишнината од основањето.
По тој повод беа доделени плакети на заслужни граѓани и здруженија. Плакети им беа доделени и на Атлетската федерација на Македонија, постхумно на проф. Влатко Димитров, на ветеранот Ристо Трајкоски и на актуелниот претседател на клубот Пецо Неданов.