ФОТО: Еуфорија на синоќешниот голем митинг на Трајкоски во Дебарца

Еуфорична атмосфера на синоќешниот митинг на кандидатот за градоначалник од општина Дебарца Игор Трајкоски. Пред бројната публика со развеани знамиња и овациии зборуваше Трајкоски, кој по втор пат ја бара довербата на дебрчани.

 

-Најпрвин би сакал да Ве поздравам и да напоменам дека ова е победничка Општина Дебрца. Победничка бидејќи вашата бројност ја укажува победата која ќе биде освоена на 15 октомври.

Победа за број 13, победа за ВМРО ДПМНЕ.


Почитувани,

Добро се сеќавам кога пред четири години стоев овде пред вас и ја барав вашата доверба за градоначалничката функција.

Тогаш знаев дека можеби некој од вас се сомневаше дали ќе успееме јас и мојот тим заедно со советничката листа да го оствариме се она што беше зацртано во нашата програма, дали нашите предизборни ветувања ќе станат реалност.

Денес после изминати само четири години стојам повторно пред вас, со таа разлика што мојата совест е чиста поради оправданата доверба. Но, тука нема да се застане, секогаш може повеќе и секогаш може подобро, но тоа се остварува секогаш со работа.

А токму работата е она што не отсликува и разликува од нашите опоненти. Па почитувани, зарен не е доволна споредбата дека Дебрца во секој сегмент е во прогрес за само четири години за разлика од нивните 16, рече во своето обраќање кандидатот за градоначалник на општина Дебарца Игор Трајкоски. 

 

Пред присутните се обрати и носителот на листата на советници од Вмро Дпмне:

Најпрво би сакала да Ви го честитам големиот национален празник – 11 октомври. На овој ден е започната борбата против фашистичкиот окупатор во Македонија. Во таа борба нашата славна Дебрца одигра голема херојска улога, а Ние, Дебрчани, никогаш нема да ја заборавиме и избришеме славната историја на нашата непокорна Дебрца!

Дозволете ми, да Ви се заблагодарам за Вашето огромно присуство. Токму Вие сте најголемиот мотив за мене како носител на листата за советници на ВМРО – ДПМНЕ. Голема чест, но и голема одговорност е да се предводи листата на најголемата и најмоќната македонска политичка партија. 


Слободно и гордо истакнувам дека советничката листа на ВМРО – ДПМНЕ преставува спој од младост, искуство, ентузијазам и патриотизам. Одговорни и посветени личности, со високи морални квалитети кои имаат јасна визија за иднината на Дебрца. Токму оваа комбинација гарантира резултат и успех, гарантира одржување на дадениот збор, гарантира реализација на проекти. Во името на сите кандидати за советници од ВМРО – ДПМНЕ пред Вас се обврзуваме дека отчетноста, транспарентноста, но и одлуките кои ќе ги носиме, секогаш ќе бидат во интерес на жителите на Општина Дебрца. Тоа е наш долг и наша обврска кон Вас. Тоа е нашата вистинска цел кон која се стремиме и никогаш нема да отстапиме.

 ФОТОГРАФИИ:

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани