Семејството Угриноски од општина Вевчани, продолжува достојно да ја претставува Македонија ширум светот.
Уметничките дела од Вевчанската колонија ќе бидат достапни и за љубителите на уметноста во Париз. Имено, вчера беше свечено отворена изложбата на Ликовната колонија “Вевчански видувања” во Македонската амбасада.
Прекрасните уметнички дела на врвните светски уметници, кои се создадени токму во преубавото Вевчани ќе бидат изложени до 22 Октомври.