ФОТО: Илјадници верници во манастирот во Скребатно

Илјадници верници вчера  традиционално беа дел од празничниот ручек во манастирот во Скребатно.

За празникот Успение на Пресвета Богородица  се подготвува и дели ручек за 5.000 луѓе, со што се продолжува заветот даден пред повеќе од два века.

Ова е најголем настан во Охридското село Скребатно – прославата на Света Богородица 28 август. Тоа е денот на заштитничката Света Богородица. 

Ручекот е манџа од овчо месо,сервирана во земјени чинии и дрвени лажици. Со неа се служи прекрасен селски леб печен во домашни фурни на дрва. За таа цел се колат 50-80 овци и јагниња, а манџата се готви истиот ден во големи бакарни котли. Тој ден се послужуваат околу 5.000 ручеци и тоа за само еден час. Доживување е да се види тоа.

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани