ФОТО: Масовен протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во Охрид

Јас ја сакам Македонија онаква каква што ја заслуживме од нашите предци и сакам да ја оставиме на нашите деца онаква каква што ја заслужуваат, подобра, исправена и горда.
Кренете глава гордо и високо Македонци, граѓани на Македонија, и сите ние, да застанеме под знамето кое гордо ќе се вее, низ сите невремиња, порази и победи, рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ на протестниотмарш денеска во Охрид. 

Љубовта кон својата земја е вечна. Штитењето на националните и државните интереси е врежано во генот наш, како завет од нашите предци и должност кон нашите поколенија.
ВМРО-ДПМНЕ како неоткинлив дел од македонскиот народот секогаш било и ќе биде на браникот на Татковината. Лидерот на опозицијата пред симпатизрите потсети на некои историски моменти во кои меѓународната заедница ветувала подобра иднина со прифаќање на отстапки.

„Прифативме се што бараат од нас и во 90-тите и во 2001 и во 2004. Сега бараат да го промениме името. Денеска што ни се нуди не треба да го прифатиме затоа што е против нашите интереси. Договорот за менување на името е штетен и треба да се отфрли. Тој е против македонските национални интереси. И доколку ова помине, години потоа Грција повторно ќе поставува нови услови, а ние тогаш со сменет иднтите историја и образование нема да можеме ништо да сториме“, истакна Мицкоски кој пред граѓаните на Охрид упати сериозни критики кон Премиерот Зоран Заев.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани