Десетици бездомни кучиња деновиве го запоседнаа Охрид.
Во секој дел од градот се сретнува глутница кучиња скитници. Една поголема група на кружниот тек кај „Охридска банка“, друга на плоштадот, трета по кејот, четврта во стариот град итн. речиси и да нема населба без „домашна“ глутница бездомни кучиња.
Охриѓани велат периодично доаѓаат нови кучиња скитници. Само што ќе се реши проблемот, пристигнува нова „пратка“ кучиња. Сите се сомневаат дека кучињата се носат од други општини.
Општините немоќни да обезедат соодветна нега и стационари ги шетаат кучињата од еден во друга град.