ФОТО: Осум денови битка со огнената стихија на Галичица

Осум денови трае битката со огнената стхија на Галичица.  Иако со денови се   делува и од копно и од воздух, неповолните временски услови, силните ветровите повторно огнот од албанската го враќаат на македонска страна. Вчера немаше акција со воздухоплови, па попладнето  пожарот се прошири  кон Преспанскиот дел кон Стење и кон Магаро,  а на кота 12  се слушаа силни експлозии од гранати од Првата светска војна.   Во моментов активни се три критични точки

„Почна да навлегува нагоре кон територијата на нашата држава  и моментално имаме три критични крака . Едниот горе према 9 ка и 10 каде континурано и во 2017 ни дојде пожарот и во 2021 кога исто длабоко навлезе во нашата територија. Тоа е сериозен и критичен момент, и двата се на преспанскиот дел едниот кон село Горица влбанска страна може да навлезе кон Стење а другиот погоре над кота 12 и се заканува да влезе во Р М постепено“, вели Ѓуро Јовчески одговорен  на единицата за пожари.

Екипите деноноќно се мобилизирани, пожарникари, ренџери, спасителите во планина, месно население. Проблемот е што од албанската страна се уште нема посериозна реакција. Потребна е итна  акција од двете држави и да се делува од воздух за да се стави под контрола.

-„Апелираме и бараме помош од воздух да го локализираме и држиме под контрола во спротивно ќе се шири и и ќе биде многу проблематично во следните денови бидејки нема најава за дожд ќе биде лошо“, вели Јовчески.

Пожарот беснее на непристапен терен на 2000 метри надморска височина. Гори ниска вегетација трева и смрека,  но постои опасност за негово проширување и во шумите.

 

Новинар Соња Рилковска

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани