Промоција на две книги од Димче Парталоски

Во петокот на 9 август 2024, во рамките на манифестацијата Вевчанско културно лето ‘24, се одржа промоција на две најнови книги од македонскиот и вевчански писател Димче Парталоски. Збор станува за книгите „Две драми“ и романот „Мртва коска“ добитник на наградата „Пегаз“ во Скопје. Овој пат покрај романот писателот Димче Парталоски се јавува и како автор на две драми и тоа: „Сизифоско педигре“ и „До Вевчани преку Струмица“, што е всушност и един вид хумористично – сатирична комедија на актуелни теми.

Промотори на книгата се проф. д-р. Васил Тоциновски, истакнат македонски писател и Мишо Китаноски новинар и публицист, но и активист за култура, кадешто е во исто време и организатор на сите петнаесет Вевчански културни лета. За посебно истакнување и пофлба е петнаесетото по ред што овогодишната ман

ифестација ВЕВКУЛ ‘24 е посветена на два значајни јубилеји: 80 – годишнината од ослободувањето на Република Македонија и 80 години од конечното ослободување на Вевчани ( 1944 – 2024 ).

Фрагмент од двете книги на промоцијата читаше младиот вевчански поет Илија Пешиноски, студент на медицинскиот факултет во Скопје.

За истакнување е уште фактот што промоцијата на двете најнови книги на писателот Димче Парталоски се одржа во духовниот храм – црквата Св. Никола во Вевчани пред голем број присутни вевчанци и други гости.

Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани