ФОТО: Осветлено помошното фудбалско игралиште со вештачка трева

После повеќегодишното барање на сите фудбалски школи и фудбалски клубови успеавме да го реализираме проектот за осветлување на помошното фудбалско игралиште со вештачка трева.
Со реализацијата на овој проект Општина Охрид и ЈП “Билјанини Извори” продолжуваат максимално да се фокусирани во насока на подобрување на условите за тренинг и натпревари на фудбалските тимови. Реализацијата на ова инвестиција овозможува сите корисници да можат своите активности да ги продолжат и во вечерните часови што за овој годишен период при вакви дневни температути и при многу корисници како од Македонија така и од странство кои се моментално на припреми во Охрид ќе значи многу.
Општина Охрид и ЈП “Билјанини Извори” и во иднина ќе продолжи со инвестиции во подобрување на спортската инфраструктура и условите за спортските корисници. Следно на ред е уредувањето на мини трибината и оградата кај помошното игралиште со вештачка трева за што веќе е објавен јавен повик за избор на изведувач.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани