Искусните планинари Жанко ЗШ Голабоски и Мишко Танески, викендов, успешно го реализираа планинарскиот маратон „Движи се да не заборавиш да одиш“ и стигнаа до врвот „Магаро“.
Планинарите Мишко и Жанко, заедно со граѓани планинари од Македонија, Хрватска и Полска ја поминаа 50 километри долга патека Охрид – Велестово – Черешнана – Студино – врв Бугарска чука – врв Лакоси гној, превој Галичица и искачување на врвот „Магаро“. На 2.245 метри високиот врв, Мишко го прослави својот 46-ти роденден, а Жанко ги одбележа 30-те години од матурата.
Двајцата планинари велат дека целта на акцијата „Движи се да не заборавиш да одиш“ е раздвижување на луѓето од сите возрасти од најмлади до најстари и да бидат дел од природата.
Фото: ФБ профили на Жанко Голабоски и Мишко Танески