Во Куќата на Уранија,денеска беше отворена јубилејната 50-та Школа по природно право.
Учесниците на еднонеделната школа, 30-тина магистри и доктори на науки од областа на правото и политиката, денеска беа едногласни дека на Македонија и се потребни стабилни институции и промени за ефикасен правосуден систем како и демократизација на општеството.Амбасадорот на САД Бејли, смета дека состојбата со демократијата и владеењето на правото во Македонија денес претставува најголем предизвик за земјата на нејзиниот пат кон евроатланската интеграција.
Меѓу другите теми на школата се „Демократијата и владеењето на правото“, „Устав, владеење на право и човекови слободи и права“, „Демократија и политички партии“,„Независно судство“и други.