ФОТО: Пристигна новото возило во болницата

Ново санитетско транспортно возило, за безбеден превоз на пациентите доби охридската болница.

Современото возило, единствено од ваков тип во регионот,јапонска донација во вредност од 2 370 000 денари , ќе го олесни работењето но и ќе обезбеди поквалитетна услуга за пациентите, особено во летниот период кога повеќекратно е зголемен обемот на работа во медицинските установи на брегот на Охридското езеро.

-„ Пред се бевме зависни од службата на Брзата помош, која многу пати не покриваше бидејки немавме возило. Отсега тоа ќе биде минато,  понатаму веќе ќе го користиме ,нашето возило кое буквално е со најдобра опрема досега во регионот“, вели Антонио Наумоски секретар на ЈЗУ Општа болница Охрид.

Во сезона лекарите имаат полни раце работа. Зголемен број на интервенции од типот давеници, посекотини и повреди на плажа, топлотни удари, хронично болни, последици од сообраќајни несреќи , тепачки и слично.

-„ Секако дека ние имаме често транспорти надвор од болницата до Клинички центар Скопје, до Битола по потреба, така да со ова возило и за нас ќе биде многу полесно. Тоа е со комплетна опрема со дефибрилатор, со оксигенатор така да и пациентите ќе бидат пообрзо и со сета опрема ќе може и да се интервенира и во возилото“ ,вели д-р Валентина Милошоска началник на Интерно одделение.

Во текот на летната сезона  охридската болница  располага со доволно технички и материјални средства,   но и медицински кадар. Има повеќе медицински тимови,  кои се дежурни и приправни по потреба.

Новинар Соња Рилковска

Канал 5 ТВ 

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани