Десетина шефови – готвачи од земјава денеска во Струга зготвија 700 топли оброци за социјално ранливите граѓани.
Идеја на стружанецот Никола Петрески, кој три пати неделно дели храна на сиромашните доби поддршка од општината и бизнис заедницата.
Вредните шефови, здружени за три и пол часа ја зготвија храната.

-„Сето ова да беше малку напорно, но со волја за луѓето кои се гладни и на кои навистина им треба топол оброк се собравме повеќе кувари, вели Никола Петрески шеф готвач од Струга.
– „Со короната и ковидот многу порасна бројот на социјално загрозени лица и се надеваме ќе дадеме се од себе за да придонесеме хуманитарно. Се надевам ќе има поголеми спонзори за да се прошири низ цела Македонија“, -, вели Ѓорѓиевски шеф готвач од Здружението „Охрид шеф“.

Со ковид пандемијата порасна бројот на социјално загрозени граѓани, од здруженијата на готвачи ги повикуваат сите да се вклучат во вакви хуманитрани акции.
-„ Се беше набрзина и возбудлво, за нас куварите возбудливо да помогнеме на ранливите категории“,вели Горан Филипов шев готвач од Кавадарци.

Топлите оброци ги поделија волонтерите на Црвен крст во двата градови Охрид и Струга.
– „Да помогнеме со нашите волонтери кои се спремни и подготвени да делуваат во време на пандемија да стигне храната до најранливите категории кои имаат потреба“ ,вели Адуриме Даути секретар во Црвен крст Струга.

Хуманитарната идеја е прва ваква во земјава, која ја поддржаа шефови од Струга, Охрид, Кавадарци, Валандово и Скопје. Иницијатива е хуманоста да се прошири низ целата држава.

Готвачите за овој подвиг ја користеа кујната на ресторанот Оаза Станица во Струга, 90% од артиклите за готвење им ги обезбеди општина Струга, а останатите бизнис заедницата.
Новинар Соња Рилковска
