ФОТО: Со транспортни инкубатори струшките печалбари заболени од корона заминуваат на лекување во странство

Со транспортни инкубатори болни од корона вирусот  од струшката болница преку осигурителни компании заминуваат на лекување  во странство.

Прекриени со специјални фолии оделе на лекување во земјите каде работеле пред пандемијата. Имале осигурување во странство, низ европските земји,  па заминуваат  на лекување во потрага по подобри здравствени услуги.

 Најчесто станува збор за  печалбари од струшките села на кои осигурителната компанија им ги покрива трошоците за транспорт и лекување. За заболените од корона кои заминуваат на лекување со авион има посебна процедура. Тие се спакувани во посебна каппсула инкубатор  со приклучен  кислород и инфузија.

„Осигурителна швајцарска компанија и компанијата која го врши транспортот не комуницираат за да се утврди терминот за транспорт. Ние го носиме пациентот со наша екипа до аеродром а нивна екипа доаѓа со авион и си го преземаат пациентот. До сега има шест пациенти кои ги имаме испратено таму. Тоа се претежно пензионери, вели директорот на болницата, Мухамед Асани.

Последниот ваков случај бил 68-годишен пациет од струшкото село Радолишта кој претходно неколку дена бил хоспитализиран во струшката болница.  Состојбата не му била критична но неговото семејство решило да го испрати на лекување во Швајцарија, бидејќи претходно неговата сопруга починала во струшката болница.

„Причините поради кои се одлучуваат да ги земаат пациентите кои лежат во нашиот оддел најчесто се поради тоа што нивните семејства се таму но и поради условите кои таму секако се побезбедни. Последниот ваков случај беше викендов. Се транспортираше пациент во Швајцарија. Комуницираме со фамилиите на овие пациенти и засега сите се добро, вели Асани.

 

Social profiles