Охриѓанецот Сефиданис го донесе првиот супер компјутер во земјава

Охриѓанецот Анис Сефиданис го донесе првиот супер компјутер во земјава.

Станува збор за првиот комерцијално достапен суперкомпјутер во светот, кој денес е во канцеларијата на професорот Сефиданис во Охрид. 

-Штотуку ми пристигна Суперкомпјутер на Nvidia од Калифорнија, првиот комерцијално достапен во светот и кај нас единствен во регионот. Денес воедно го потпишав и првиот договор за соработка со Институт за вештачка интелигенција. Ги поканувам сите истражувачи, научници и уметници, да креираме убави нешта заедно. Ќе тргнеме од иднината.Моментално во моите канцеларии во центарот на Охрид, наскоро и во Скопје“, вели Сефиданис. 

Доктор  Анис Сефиданис е универзитетски професор, декан на Факултетот за информатика при Европски Универзитет, а предава и на Воената Академија во Скопје. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани