Започнува втората масовна “Оff Road” средба, што викендов ќе се одржи во Охридскиот регион, вели Стефан Димоски, претседател на Општинскиот Совет и портпарол на СВР Охрид.
Настанот, што ќе се реализира два денови а ќе има 350 учесници, 200 теренски “OFF Road” возила, 40 крос мотори и 20 четириточкаши од Македонија, Словачка, Полска како и од соседните земји. Програмата предвидува дводневно патување од истражувачко – спортски – туристички карактер а целта е претставување и промовирање на природните убавини и традиционалните производи на Охридскиот регион. Турнејата е планирана на 01. и 02 јули од Oхрид – с.Лакочереј – с.Сирула – с.Лешани – манастир Св. Илија – Плаќенска планина –Мазатар – с.Куратица – с.Расино – с.Вапила – с.Лакочереј – с.Лескоец – Охрид а кампувањето е во кампот “АС”-Струга. Турнејата е организирана според сите законски прописи како и со потребната логистика неопходна за нејзино успешно одржување.