Струга е подготвена за Летниот универзитет

На четврти месецов, во Струга свечено ќе биде отворен 19-от Регионален Летен универзитет.

Летниот универзитет во Струга го организира Амбасадата на Франција во Република Македонија, Францускиот институт во Скопје, Министерството за образование и наука на Република Македонија во соработка со неколку меѓународни и регионални партнери. Летниот универзитет е замислен како континуираната обука на професорите и наставниците по француски јазик и стекнување нови иновативни техники и методи за изучување на францускиот јазик.На Летниот универзитет што ќе трае до 7 овој месец, учествуво ќе земат над сто професори по француски јазик од Македонија,Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Албанија, Косово, Романија, Молдавија и Ерменија. Франкофонската програма на универзитетот предвидува повеќе модули за обука раководени од врвни француски обучувачи, низа презентации и работилници. Свеченото отворање е предвидено во понеделник, 4 јули, во 18 и 30 часот, во хотел „Дрим“.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани