ФОТО: Величествено одбележување на патронот на Бигорскиот манастир

Илјадници верници денес беа дел од величественото одбележување на раѓањето на Крстителот Господов ,во манастирот „Свети Јован – Бигорски.

Одекнуваа камбаните, биеја клепалата, во духовното светилиште бликаше радост, љубов и возбуда.

Одѕвонуваа  прекрасните песни на монасите и монахињите но и хорот од Атина, што за прв пат гостуваше во земјава. Сплотени, збратимени и единствени со молитвите на два јазици  го израдуваа не само насобраниот народ, туку и ангелите на небесата.

-Вашето доаѓање денес во оваа наша голема Светиња, вие веќе покажувате дека е прекрасно да живееме сложно. Јас веќе реков денес врв на единството е молитвата ние денес се молевме но Бог нека ја слушне нашата порака да даде бог да живееме со иста надеж , вели г.г Стефан архиепископ македонски.

-Чуствувам дека со голема радост се исполнети срцата на овој многуброен  народ кој денес дојде заедно со нас да го прослави споменот на Светиот Јован и Крстител Господов. Сите ние силно го чуствуваме неговиот благослов а радоста е уште поголема затоа што гости на Светијовановиот роденден се и далеку познатиот хор од Атина Република  Грција, вели сестра Ефимија.

За прв пат во историјата, грчки хор зеде учество во чествувањето на патронот на Бигорскиот манастир. Грчките хористи воодушевени од духовното светилиште и бигорската обител.

-Воодушевени сме и останавме без зборови  од оваа прекрасна љубов и сила што ја пронајдовме во манастирот. 0136 Верувам дека имаме многу активности тука во манастирот дека игуменот Партениј  е единствен, просветлен, борец духовник. Тој е посебен борец за православието ,вели Димитрис Пепрецис  од Солун.

Пораки за љубов,мир и сплотеност испратија и бројните верници.

-Искрено верувам дека заедничките молитви  заедно со православнкиот грчки анрод ќе рподолжат и понатака  и дека Господ со неговата мислот сите ќе не закрили, вели Кристина Стојановска една верничка.

-Денеска чуствувам посебна благодат како и секое бдение секој празник. Душата ми се полни со небесна радост. Додека ги слушав двата хора од двете страни на црквата на различен јазик го слават Бога тоа е неопислива багодат, вели Викторија Пејчиноска верник.

Раѓањето на светиот и славен пророк, претеча и Крстител Јован, традиционално со најголеми свечености се одбележува во манастирот   „Св. Јован Крстител“ – Бигорски.

Новинар Соња Рилковска

Канал 5 ТВ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани