ФОТОГАЛЕРИЈА: Верниците се простуваат од Митрополитот Дебарско кичевски Владиката Тимотеј

Свештенството, монаштвото и верниците во  Дебарско-кичевската епархија сплотени  во тагата и  молитвата, за упокоениот дебарско кичевскиот Митрополит Вадиката  Тимотеј. Од  9:00 часот, утрово овде во храмот на Свети Климент Охридски на Плаошник се служеше  заупокоена Света Архиерејска Литургија, со која  чиноначалствуваше  епископ г. Партениј. Посмртните останки се  изложени за проштално збогум со верниците .  Свештениците велат  животот  и службата  на Тимотеј беа светол пример за  пожртвуваност и посветеност кон Црквата Божја.

-МПЦ денес чуствува голема загуба бидејки тоа беше еден човек мирољубив и особено рпидонесуваше за стабилноста мирот во светиот архиерејски синод. Епархијата ја водеше со голема посветеност, скоро 40 и повеќе години возобнови многу манаситир во неговата епархија монаштвото е најбројно, вели Партениј епископ.

-Смртта на Владиката Тимотеј претставува огромна загуба за целата епархија заради делата кој наназад додека беше се направија и возобновија многу цркви и манастири и а црквата се приближи до народот, вели градоначалникот Кирил Пецаков.

Верниците со тага и солзи денес  во голем број  доаѓаат да го испратат духовникот, велат Владиката Тимотеј ке остане запаметен како голем градител, возобновувач на многу цркви и манастири и монаштвото,   но и духовен татко со широко срце за своите чеда.

Беше искрен човек. Човек од кого можете се да слушнете и за црквата и се друго. Многу солиден, велат верниците.

Ќе го паметам како добар раководител на нашата Епархија остави добри впечатоци за нас верниците и го молам Бога  да продолжат и неговите наследници нашите  свештеници од оваа Епархија исто како нашиот Владика добро да не водат, велат верниците.

Многу добар човек, стабилен и сеи ја чуваше верата. Затоа дојдов не сум од тука но додјов почит да му дадам, вели еден верник.

Видео

Тимотеј 43 години беше  дел од МПЦ а цели 29 години на чело на Дебарско кичевската епархија. Секој момент се чека одлуката на Синодот за погребението, кое извесно е дека ќе се случи во четврток наутро со опело, каде се очекува да присуствува целиот црковно државен врв од земјава. Телото ќе биде погребано во дворот на Светиклиментовиот храм на Плаошник.

 

Фотогалерија

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани