Литургија по повод упокојувањето на Владиката Тимотеј, денес во манастирот на Плаошник

Света литургија по повод упокојувањето на Владиката Тимотеј, утре од 09 часот утрото во манастирот на Плаошник.

Со болка во срцата и со искрено сочувство, ја известуваме јавноста дека денеска, 25.11.2024, на споменот на Светиот Јован Милостив, се упокои во Господа нашиот возљубен архипастир, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Свештенството, монаштвото и верниот народ на Дебарско-кичевската епархија се обединети во молитвата за покој на неговата душа, со надеж на воскресение и светло блаженство. Неговиот живот и служба беа светол пример за пастирска љубов, пожртвуваност и посветеност кон Црквата Божја.

Денес со почеток во 9:00 часот, во храмот на Свети Климент Охридски на Плаошник ќе биде отслужена заупокоена Света Архиерејска Литургија, со која ќе чиноначалствува викарниот епископ на Дебарско-кичевската епархија, Неговото Преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј.

Посмртните останки на Митрополитот Тимотеј ќе бидат изложени за проштално збогум од почетокот на Светата Литургија, па сѐ до крајот на вечерната служба истиот ден. Вечен ти спомен, достојнопочитуван и секогаш споменуван наш сакан архипастиру, пишуваат од Дебарско-кичевска епархија.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани