ФОТО:Ѓоко Танески пееше на раскошна свадбa во Либан за која зборува цел свет

Тој ја претставуваше Македонија на Евровизија, а сега настапи на раскошната свадбена прослава на двојка од Либан за која зборува цел свет.

Свадбената прослава на двојка од Либан ќе ве остави без зборови. За луксузната свеченост со која Јасмин и Јусеф го прославија влегувањето во брачните води долго ќе се зборува.Спектакуларниот цветен таван и сензационалната венчаница мамеа воздишки кај стотиците гости. Раскошниот фустан на прекрасната невеста е дело на талентираниот Зухаир Мурад, ја пренесува Фемина.мк веста за свадбата што го маѓепса светот. Верувале или не, на оваа луксузна свадба гостите ги забавуваше Ѓоко Танески со својот бенд.Вистина.мк го контактираше Ѓоко, кој моментално престојува во Либан. Тој ја потврди информацијата.Ѓоко ја претставуваше Македонија на Евровизија во 2010 година, одржан во Норвешка, со песната „Јас ја имам силата“.Очигледно за квалитетните македонски музичари гласот далеку патува. Секоја чест!

Извор:vistina.mk

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани