Објавен тендер за реконстукција на браната на Слатинското езеро.
-Можам да соопштам една убава вест за нашата општина за која во изминатиов период макотрпно работевме за обезбедување на техничка и финансиска подршка во соработка со UNDP, а во меѓувреме опозицијата ме обвинуваше дека давам лажни ветувања но за нивна жал денес се објави тендер за реконструкција на браната во с.Слатино која што ќе значи многу за развојот на овој дел од нашата општина, како за развој на земјоделието така и за развој на туризмот на Слатинското езеро, напиша на официјалниот фајсбук профил градоначалникот на Дебарца Игор Трајкоски.